Фудбал

Работнички и Ренова имаа добра ждрепка, Шкендија го доби шкотскиот Абердин

Трите македонски фудбалски претставници во Лига Европа ги добија своите ривали во првото квалификациско коло за пласман во Лига Европа.

Првите натпревари ќе се одиграат на 2. јули, реванш средбите на 9. јули 2015 година. Вицешампионот Работнички за противник го доби естонскиот состав Флора Талин кој ќе биде домаќин на првиот меч. Потоа, тимот на Ренова ќе ги одмери силите против молдавската екипа на Дачија Чисинау, додека Шкендија за пласман во следното квалификациско коло ќе игра против Абердин од Шкотска.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ