Нова песна а воедно и химна на Прилепскиот фудбалски бренд Победа ќе биде премиерно промовирани пред самото финале на турнирот во мал фудбал по повод ‘Св Никола’. Песната и спотот е во изведба на популарната прилепска музичка група “ХАУНДС”.
Како текстописци се јавуваат Дејви Спиркоски и Кристијан Ристески, музиката и аранжманот е на Рубин Димкоски, Видеото го изработува Христијан Конески, а интерпретацијата е на групата Хаундс и Даниел Павлоски. Прилеп се радува на успесите на сите Македонски клубови, ама навива за ПОБЕДА. Младата генерација на навивачката група ‘Мајмуни’, голем број спортски новинари, како и некои од најголемите легенди на ‘Победа ќе уживаат во новиот хит.