Раководството на Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Барселона за трансфер на Французинот Пол Погба. Каталонскиот гигант понуди 50 милиони евра, плус Јери Мина и Андре Гомеш, но понудата веднаш беше одбиена.
Раководството на „црвените ѓаволи“ и менаџерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата, бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот.
25-годишниот Погба во 2016 година од Јувентус се врати во Манчестер Јунајтед со трансфер вреден 105 милиони евра, а потпиша договор со важност до 2021 година.