Barkod.mk - Кодот на вистината

Каде се наоѓа закопаното турско злато во Македонија

Мар 01 Напишано од  Посетено 58851 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Tрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал детектори имаат мапи, знаат каде копаат и што бараат. Приказните велат дека некогаш и наоѓаат огромни количини закопано богатство – но нормално за ова се молчи, никој не кажал.

Јавна тајна е дека огромни количини на артефакти, стари монети и што ли уште не нелегално се изнесуваат од земјава и препродаваат на светскиот црн пазар. Колекционерите не прашуваат за цена, а тоа и те како им оди во прилог на дивите копачи. Една од интересните легенди е онаа која ја пренесува Нова Македонија – велат дека биле скриени два тона злато во прачки, сопственост на Отоманската банка во Битола.

Наводно златото било закопано покрај Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово. Кај Горно Село, пред пет години, дивите копачи барале артефакти со багери, а некои од нив биле поврзани и во случајот “Фаланга“. Диви копачи најверојатно се виновни и за исчезнувањето на главата од мермерната скулптура што пред седум години беше ископана на локалитетот Стибера. Скулптурата остана обезглавена. Легендата што со години се прераскажувала говорела дека кај овој мост во Мариово биле закопани неколку тони злато. За новинската агенција Дојче Веле, еден од најискусните македонски трагачи на злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, открива дека во Македонија се кријат многу закопани богатства, многу злато, алтани, накит, но не со тони, туку во грниња, скриени на тешко достапни места.

Димовски раскажува дека до скоро на многу куќи во македонски села, на самите тавани имало исцртано карти како да се стигне до закопаното богатство. Од Турција и Бугарија се носеле и мапи, рачно нацртани, кои упатувале до местата. Местата под кои се крие ковчежето или грнето со злато биле обележувани со точки или крст, најчесто во близина на некое старо дрво или чешма. Легендите велат дека во источна Македонија се наоѓа злато што го закопале Турците додека бегале по Првата Светска војна, битолскиот регион е полн со закопано еврејско злато, додека пак во југозападните краишта на земјава се крие римско злато.

Некои сметаат дека на територија на Македонија има закопано повеќе од 220 тони злато. Турското злато во Македонија е проколнато! Се раскажува дека скриеното злато е проколнато и дека ако не го откопа личноста која таму го сокрила, ќе се исполни клетвата. Еве што се вели по македонските форуми на оваа тема - сите места се проколнати мислам проколнат ќе биде тој што ќе го земе златото.единствено ако ти се сони,тогаш имаш право на него според мое мислење.а незнам точно има едно село прилепско,секој знаел дека под прагот на една црква имало злато,но никој не се осмелувал да го чепне – викаат машка глава да оставиш за да го земеш.има златна руда во мкд,ете прибилци демирхисарко ќе го спомнам таму бил мудурот,златото данокот на луѓето се собирал кај него.

Старите раскажуваат дека за да се откопа скриеното злато, потребно е местото да се посипе со брашно или пепел и да се остави така една ноќ. Друга верзија од приказната е дека луѓето кои зеле од проколнатото злато или умирале или пак им умирале децата. Некои го изгубиле паметот. Иако сеуште не е потврдено, многу трагачи од Македонија, а и пошироко се заинтересирани за ова проколнато турско злато кое лежи на територијата на Македонија. - Сега што имам слушано од постари луѓе е дека токму во реонот на штипско има најмногу закопано злато,од турците кога се повлекувале…

И сам имам видено неколку мапи,за тоа дека има закопувано злато (една од мапите изгледаше како да е со крв цртана) и онака со другарот од чиста љубопитност решивме еден ден да отидеме до тоа место…Прво би сакал да кажам дека за брашно не сум чул да се фрла,туку пепел…И каква стапка ќе се појавела таков курбан и се оставал…Пепелта се фрлала токму врз местото каде што треба да се копа и се доаѓа утредента…  

ИЗВОР: MKNEWS

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Inactive User

Account is not active!

Медија

Повеќе во оваа категорија: « Македонецот кој го преживеа Титаник
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 197 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeЖивот и СтилМистерииКаде се наоѓа закопаното турско злато во Македонија

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3