Barkod.mk - Кодот на вистината

Македонецот кој го преживеа Титаник

Фев 29 Напишано од  Посетено 24963 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Стојко Додоловски од село Чучер - Скопска Црна Гора, уште како млад, тргнал да оди за “ветената” земја. Со нешто заработени пари доаѓа во Саутхемптон, од каде требало бродот “Титаник” да замине.

Билет едвај успел да купи во последен час и тоа од еден поп кој иако купил бил спречен да појде, па му го препродал на Додоловски. Судирот на бродот и ледот е ноќта спроти 15 април 1912 год., Додоловски успеал да дофати еден појас и рипне од 15 метарската височина гонет од единственото чувство за живот. Се дофатил за еден чамец кој меѓу првите е спуштен со богати господа. Молел 15 – годишниот Македонец, да го примат, но погледите им биле студени дури укорувачки што се осмелил да се дофати за нив.

Еден господин си ги подвиткал нозете со топлото ќебе а го покрил и кучето да не настине, но за Додоловски немале милост. Држејќи се така во ледениот океан почнал да се грчи и мрзне, гласот му се фаќал и губел а силата го напуштала додека не се откачил од чамецот немоќен веќе. Господата не го ни погледнале а тој се нашол среде океан во темница. Постепено се наголемувал бројот на давеници и делови од инвентар.

Закачен за еден превртен чамец во мигот кога океанот почнал да го влече кон океанот напуштен и од последните сили, го наоѓа офицерот Лоу единствениот од таа ноќ вреден за почит кој со чамец ги собирал преживеаните подоцна. Еден од 12-мината спасени од Лоу бил и нашиот Македонец. Лоу го ставил во чамецот, го вртел и триел. Подоцна е префрлен на бродот “Карпатија”, каде се сретнал со господата со кученцето. Во Њујорк чекале милиони луѓе испаничени барајќи свои меѓу преживеаните. Од 2 224 патници на Титаник дури 1 517 останаа на морското дно.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Inactive User

Account is not active!

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 163 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeЖивот и СтилМистерииМакедонецот кој го преживеа Титаник

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3