Barkod.mk - Кодот на вистината

Зошто го сакам само него!

Окт 20 Напишано од  Посетено 2337 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Има нешто толку едноставно, совршено, виновно за секој мој сон, нешто што ја опседнува сета моја љубов, нешто без кое не можам.Да тоа си ти.Човекот кој ме натера да верувам во љубовта!!

Колку ме сака не би можела да знам, но сум сигурна во тоа колку јас го обожавам. Го сакам ете, проклето многу го сакам, ја сакам таа негова кафеава коса, тие блескави како дијаманти кафеави очи, го сакам тоа негово цврсто тело, тие долги прсти кои ме милуваат по лицето, ги сакам тие тенки усни кога така страсно ме бакнува, ги сакам сите негови недостатоци. Па го сакам баш таков каков што е, зошто тој за мене е совршен. Зошто сакам кога ќе ме бакне на чело и ќе ми каже колку ме сака. Сакам кога ќе ме прегрне, зошто тоа е најбезбедното место на светов. Сакам да го бакнувам. Сакам кога ме буди доцна навечер за да ми каже „Те сакам.“. Сакам кога смрзната во зима ќе ме прегрне за да ме стопли. Сакам кога ме гњави се додека не збеснам. Сакам кога е до мене и прави се да се чувствувам сакано. Сакам кога во мојот најужасен ден ќе ме одведе на некое тивко место и ќе ме прегрне толку силно шепотејќи ми колку сум убава и колку ме сака, се додека не сфатам дека сум најсреќната личност на светот што го имам. Сакам и кога ми недостига, со тоа ме тера да сватам дека уште повеќе ми значи. Етe и како да не го сакам? И ќе го сакам и целосно ке му верувам, зошто е само мој. Зошто тој е најголемата среќа која ја имам во рацете и нема да ја испуштам. За инает на сите ќе го направам најсреќниот човек на планетава, па нека завидуваат. А потоа ќе го љубам до бесконечноста, зошто тој мене ми припаѓа.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Маја Дејаноска

Маја Дејаноска родена 1997 во Прилеп. Со пишување на статии се занимава од 2014 година кога почна да работи како постојан дописник на Barkod.mk од Прилеп. Љубител е на книги. Фантазерка и авантуристка. Мечтае за патувања,за успех во работата и се разбира за љубов. Човек кој постојано нешто планира, духовита и исполнета со самодоверба.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 308 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeЖивот и СтилЉубов и сексЗошто го сакам само него!

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3