Barkod.mk - Кодот на вистината

Неизмерна љубов!

Јул 06 Напишано од  Посетено 578 пати

makedonski nacionalen front

pcspam

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Ахх така вистинска љубов во погрешно време. Да! Во погрешно време, погрешно место и еден мал град. Таа црна девојка со прекрасна витка става, а тој висок, силен и боженствен со срце на дете и едни очи само за неа.

Беа пар од соништата, гледајќи ги кога беа заедно беа целосни и најубави. Таа го љубеше. Вистински. Целосно. Најповеќе. А тој неа? И тој со својот максимум ја љубеше до бескрај.Иако двајцата знаеа дека се два сосема различни светови. Тој црно, таа бело. Тој камбек, таа њустар. Но, таа сакаше да живее во еден таков свет. Беше тешко. Неподносливо. Опасно. Бурно. Болно. Но, таа во името на љубовта одеше до крај. И побара само едно нешто?

Тој да биде овде кога таа ќе се бори кога цел свет ќе се сврти против неа. И се бореше се бореше до крајот на приказната на приказната која никој не сакаше да заврши, а најмалку тие двајца. Секогаш кога беа заедно ја гледаше длабоко во очите и не можеше да се изнагледа. Како да знаеше дека повторно ќе ја види, како да знаеше дека нема да ја заборави. Колку пати и да ставеа крај на својата врска, секогаш еден од нив се враќаше кај другиот без да размисли за последиците и сеќаваа на таа вечер, на таа забава, на тој ден, тој проклет погрешен ден. И самиот тој секогаш кога ќе се присетеше на таа ноќ знаеше дека мора да се бори секојдневно со последиците кои му ги нанел животот, а воедно да ги памти скапоцените моменти поминати со неа. Кога беа заедно имаа очи на деца имаа љубов неизмерна и двајцата знаеа дека се што прават е погрешно, но тивко во себе ќе спомнеа:

“Забранетата љубов е најслатка“. Изминуваше време нивната врска беше се потајна и потајна, а нивната неизмерна љубов стануваше се поголема и поголема. Имаа свое тајно место на кое се среќаваа и наоѓаа мир,таму знаеа дека се само тој, таа и малиот град. Дојде тој проклет ден кога и двајцата знаеа дека треба да стават крај на својата љубовна идила иако таа прекрасна девојка која носеше љубов само за него не сакаше да се откажи, околностите го наложија тоа. Таа беше спремна на се и кога се` ќе заврши, и кога надежта ќе испари. Доблеста ќе изумре. Среќата ќе пропадне. И кога небото и земјата ќе се спојат – ќе застане против целиот свет.

Но залудно, не секогаш крајот го краси делото. Тој замина од неа со истата неизмерна љубов, со солзи во очите и надеж дека некогаш повторно ќе ја сретни во тој проклет мал град кој го проголта заедно со својата љубов за неа. Нејзината среќа ја снема од лицето, беше едно малецко скршено девојче со солзи во кафеавите очиња и трошка надеж во срцето. Знаеше дека веќе е невозможна нивната љубов и дека така ќе остани засекогаш.

И двајцата знаеа дека беа создадени еден за друг но и дека нивната љуобв беше во погрешно време и на погрешно место. Единствениот сведок на нивните среќни и незаборавни моменти беше малото градче и звезденото небо над нив. А некаде во нивното минато ќе стои дека НЕКОГАШ И НЕКАДЕ ПОСТОЕЛА ВИСТИНСКА ЉУБОВ СО ВИСТИНСКА ЛИЧНОСТ.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Маја Дејаноска

Маја Дејаноска родена 1997 во Прилеп. Со пишување на статии се занимава од 2014 година кога почна да работи како постојан дописник на Barkod.mk од Прилеп. Љубител е на книги. Фантазерка и авантуристка. Мечтае за патувања,за успех во работата и се разбира за љубов. Човек кој постојано нешто планира, духовита и исполнета со самодоверба.

Медија

Повеќе во оваа категорија: « Смислата на мојот живот

makedonski nacionalen front

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 107 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeЖивот и СтилЉубов и сексНеизмерна љубов!

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3