Barkod.mk - Кодот на вистината

Го нападнале, па му го запалиле возилото – прилепчанец имал бурна ноќ!

Јан 11 Напишано од  Посетено 3653 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Дваесет и двегодишен прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од двајца мажи кои му го демолирале и запалиле и возилото. Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“.

Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без предупредување го удрил 22-годишниот Л.П. по што почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Тој се обидел да побегне, но во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ повторно го стигнале и физички го нападнале. Л.П повторно успеал да побегне, но напаѓачите го деморилирале неговото возило по што еден од нив го однел оштетениот автомобил кон автопатот за Битола и го запалил. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Прилеп. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 201 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeВестиМакедонијаГо нападнале, па му го запалиле возилото – прилепчанец имал бурна ноќ!

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3