Barkod.mk - Кодот на вистината

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Полицијата наполни цело комбе!

Авг 20 Напишано од  Посетено 2583 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Масовна тепачка помеѓу две поголеми групи се случи вечерва во 1:30 часот по полноќ во строгиот центар на Прилеп, кај Реклами. Поради засега непозната причина, двете групи најпрво се судриле зад бизнис центарот, а потоа тепачката ескалирала на булеварот “Гоце Делчев”, пред очите на стотина очевидци.

Полицијата пристигнала со повеќе возила на лице место, при што според очевидците со удари се здобиле и дел од полицајците кои интервенирале во тепачката.

Но, случувањата тука не престанале. Откако полицијата привела неколкумина, едно лице започнало да тропа по полициското комбе, барајќи да се ослободи некое од приведените лица и со остри зборови да се обраќало кон полицајците. Истото потоа се дало во бегство, а во филмска бркотница подоцна и тој бил приведен.

Причините за оваа масовна тепачка, која го блокирала и целиот сообраќај, засега остануваат непознати.

 

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 156 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeВестиМакедонијаМАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Полицијата наполни цело комбе!

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3