Barkod.mk - Кодот на вистината

Економска бомба на Груевски од Прилеп: 1.000 нови вработувања

Ное 23 Напишано од  Посетено 747 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Одлична вест за Прилеп и македонската економија. Можам да објавам дека компанијата од Германија, „ВИГ“, одлучи и ја објави својата одлука за инвестиција во ТИРЗ Прилеп и ќе обезбеди 1000 нови вработувања за Прилеп и околните места

, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во 4 ИЕ на коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски. -Се работи за глобална компанија која ќе изработува апарати за домаќинството и која веќе има производствени погони во Кина и Индонезија, а погонот кој ќе го отворат во Македонија ќе произведува апарати кои ќе се извезуваат на европскиот пазар.

Планот е да започне да се гради фабриката во првото тромесечие од наредната година на 10 000 квадратни метри и да биде готова до крајот на идната година кога ќе почне производството. Она што е исклучително важно е што во првата фаза планираат 1000 вработувања, но имаат стратегија за понатамошно развивање на фабриката. Бил Павлескиработеше подолго време на оваа инвестиција, а исто така од голема помош беше и ангажманот на Владимир Пешевски во привлекувањето на оваа компанија. Вака се сака Македонија. Ние силно продолжуваме со привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на нови работни места.

И покрај се’ што и се случи на Македонија во изминатиот период, време на политичка криза, уцени, деструкција и конфликтност наметнувана од опозицијата, наш основен приоритет е стандардот на граѓаните и решавање на проблемите. Ние не застануваме тука. Нашата цел е да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18%.

Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места! Тоа е нашиот придонес за развиена, просперитетна, економски напредна и стабилна Македонија, држава на можности и успeшна иднина!, напиша Груевски.

ИЗВОР: ПРЕС24

 

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 195 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeВестиЕкономијаЕкономска бомба на Груевски од Прилеп: 1.000 нови вработувања

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3