Barkod.mk - Кодот на вистината

„Њујорк тајмс“: Компаниите на Трамп имаат долгови од најмалку 650 милиони долари

Авг 21 Напишано од  Посетено 519 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Компаниите на Доналд Трамп имаат направено долгови од најмалку 650 милиони долари, што е двапати повеќе од тоа што во текот на својата кампања го пријави републиканскиот кандидат за американски претседател, информира весникот „Њујорк тајмс“.

Дневниот весник ангажирал специјализирана компанија за добивање информации за недвижен имот, за да собере податоци за имотот на милијардерот, а посебно за зградите со канцеларии и игралиштата за голф. Истрагата на „Њујорк тајмс“ покажала дека освен долгови од 650 милиони долари, значителен дел од финансиската состојба на Трамп е врзана со три партнерства, кои на повеќе кредитори им должат вкупно две милијарди долари.

Меѓу кредиторите на империјата на Трамп е „Банк оф Чајна“, една од најголемите државни банки во Кина (земја која милијардерот редовно ја претставува како трговски партнер што треба да се потчини), како и „Голдман Сакс“, познатата инвестициска банка, која Трамп ја обвинува дека и помага на неговата соперничка Хилари Клинтон.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 129 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeВестиЕкономија„Њујорк тајмс“: Компаниите на Трамп имаат долгови од најмалку 650 милиони долари

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3