Barkod.mk - Кодот на вистината

Технологија

China Telecom го прикажа новиот iPhone 6 на Weibo

 

Apple нема обичај да ги прикажува производите кои што треба да бидат претставени, а компаниите кои што имаат информации за нив мораат да ги чуваат во тајност до официјалното претставување од компанијата. Ова е начин на работа кој што се има покажано како успешен, од аспект на привлекување на внимание и се повеќе компании го користат. Тоа исто така предизвикува и често протекување на слики и информации кои што го прават чекањето на официјалниот производ поинтересно.

Immersis – Виртуелна реалност во целата просторија

Виртуелната реалност дефинитивно го убива 3D видеото. Можноста да сте целосно опкружени со виртуелна реалност, односно некој филм или видео до пред неколку години делуваше неверојатно, но сега е веќе реалност, благодарение на очилата за глава за виртуелна реалност, како и на првиот проектор кој може да ја направи вашата соба целосно виртуелна, со панорамски видик со 180 степени!

Apple патентира свој сет за виртуелна реалност

Иако вистински ги донесоа паметните телефони со екран на допир на сцената, Apple во последно време само ги следат светските трендови, па така, по лансирањето на Watch, се очекува и лансирање на сет за виртуелна реалност, сличен на Samsung Gear VR, односно LG VR, кои веќе го освојуваат пазарот. Интересно, апликацијата за патентот Apple ја има патентирано уште во 2008 година, па е нејасно зошто први не излегоа со него на пазарот.

Facebook развива VR апликација

На Code/Media конференцијата во Калифорнија свое обраќање имаше директорот за производи на Facebook, Крис Кокс. Тој секако, говорел за моменталната ситуација во својата компанија, но и за нешто ново што во моментов се работи таму.

Интерактивно огледало за неодлучни

Калифорнискиот изумител Salvador Nissi Vilcovsky направи “Мемориско огледало“ наречено MemoMi – интерактивно огледало/екран кое ги поврзува онлајн и „реалното“ купување.

Повикајте ги пријателите кога сте во неволја

Ако се најдете во непријатна ситуација, во која не ви е потребна помош од полиција туку едноставно ви требаат пријателите за да избегате од лош состанок или пак ви треба превоз бидејќи автомобилот ве оставил на автопат, не грижете се. Има апликација и за тоа.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 137 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeТехнологија

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3