Barkod.mk - Кодот на вистината

Велешките интернет-гемиџии не и даваат мир на Америка

Сеп 15 Напишано од  Посетено 18590 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Приказната е веќе слушната и преџвакана: Велес бил дом на десетици оператори на веб-страници кои измислуваат лажни приказни прилагодени за лековерни Американци, до степен што новите „интернет-гемиџии“ можат да влијаат на изборот на претседател на САД.

Загрижувачки текстови за замешателството на велешани во „американцките работи“ беа публикуваи лани пред, за време и особено по (не)очекуавниот избор на Доналд Трамп за американски претседател и поразот на Хилари Клинтон. Сериозни медиуми минатата есен се заинтересираа за фејк-њуз индустријата која цветала на бреговите на Вардар од каде се публикуваа текстови во прилог на Трамп и директно ги обвинија интернет-клинците од Велес дека се во некоја „тајна врска“ со Русија.

Москва и Путин остануваат главните непријатели на САД во новата „студена војна“ која треба да има свое финале во битката за доминација на Балканот. Чиста коинциденција е што темата одново се отвора токму во момент кога Хилари Клинтон, во меомарите испечатени неделава под наслов „Што се случи“, ги споменува македонските „фарми“ за пласирање лажни вести како еден од виновниците поради кои ја изгуби битката од Трамп, пртенесе „Фокс њуз“. Македонија деновиве беше рангирана на 32-ро место од 43-те „грешници“ за неуспехот на Хилари како жена, мајка, адвокат, поранешна прва дама и поранешен државен секретар, да го порази политичкиот натурчик, Доналд Трамп.

Хендикепот на Македонија и на Велешани е што се наоѓаат на списокот на држави произлзени од СФРЈ, кои „Исток не ги отпишуе, а Запад не ги запишуе“. Но, проблемот, се чини има и финасиски импликации инаку сторијата не би била пласирана во CNN.money.cm рубриката каде е нотирано дека велешките интернетџии заработувале илјадници евра од мамење Американци. И тоа на час. Си-ен-ен, објави, а водечки светски и балкански медиуми пренесоа податок дека дека изесен Михаил (лажен иденитет од човек кој произведува лажни вести) дневно заработвал по 2,5 илјади евра во земја каде просечна месчна зарабоувачка е нешто над 400 евра.

А негови нследбеници од ки двајца во САД и по илјда евра на ден. Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев за Си-ен-ен изјавил дека му понудил работа на еден од извиканите креатори на лажни вести, но дека овој го одбил зашто понудената месечнанет. плата била како и ангажманот од половина ден продукција на лажни вести. Повеќе од сто сајтови биле формирани лани пред претседателските избори во САД, а на „клинците“ од Велес им течеле долари од секој „клик“ на социјалникте мрежи.

И не се проблем заработените пари. Аерикански сајбер-стручњаци стравуваат дали Велешани или некој друг ќе им се измеша и во наредниот претседателски циклус во 20020-та…

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 218 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeТехнологијаВелешките интернет-гемиџии не и даваат мир на Америка

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3