Barkod.mk - Кодот на вистината

Македонија загуби, но сепак не потклекна пред Грција (ФОТО)

Сеп 05 Напишано од  Посетено 7615 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

„Жолто-црвените“ момци на Србиновски одлично го отворија мечот и поведоа со 7-1, но потоа, Грците направија серија од 8-0 и поведоа со 7-8. Оттогаш, па сѐ до крајот на полувремето јужниот сосед го имаше водството, а највисока предност обезбеди во седмата минута од првиот период кога водеше со 9-19.

Енигма за нас беше расположениот Бурусис кој постигна шест поени, а исто така, одличен беше и Ник Калатес кој постигна пет поена и додаде уште пет асистенции.

Третиот период повторно го отворивме одлично и бевме во егал (36-40), но Грците се разиграа во нападот и со неколку мини-серии се одлепија двоцифрено - најпрво, 39-49, а потоа и 52-64, што беше највисоко водство од 12 поени во тој дел од средбата. Пред самиот крај на третиот период, противникот поведе со 22 поени (57-79), а до крајот на мечот сѐ што Македонија успеа да направи беше да ја намали негативата на 20 поени.

Најефикасен кошаркар во таборот на Грција беше Принтезис со 18 поени, а по него следеше Бурусис со 16, додека кај Македонија најмногу се истакнаа Александар Костоски со 20 поени и Војдан Стојановски со 13 поени.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Сара Мијакоска

Пишувањето за неа претставува страст,а секоја нова испишана страна една нова љубов.Неуморен трагач по мали места за патување скриени во прегратката на земјата.Вечно заљубена во уличната уметност и алтернативната музика.Малите животни радости ја исполнуваат и и' даваат надеж да продолжи да ги исполнува своите замисли.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 271 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeСпортКошаркаМакедонија загуби, но сепак не потклекна пред Грција (ФОТО)

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3