Barkod.mk - Кодот на вистината

Повикани Антиќ и МекКејлеб: Започнуваат подготовките за мундијалските претквалификации!

Јун 20 Напишано од  Посетено 18459 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Националната сениорска селекција во машка конкуренција со утрешниот прв собир официјално ќе ги започне подготовките за претквалификациите за Светското првенство кои се на агендата во месец август.

Селекторот Јорданчо Давитков, заедно со своите стручни соработници Александар Јончевски и Љупчо Малинков ќе прозива утре (21. јуни, 2017 година) во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот. Сениорите ќе тренираат во Скопје сè до 3. јули кога привремено ќе се преселат во Маврово. По 8. јули, сениорите повторно се враќаат во Скопје каде и ќе одиграат неколку пријателски натпревари. На 10. и на 11. јули, репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите против соодветната селекција на Словачка, на гостински терен. На 15. јули Македонија ќе ја нагости Бугарија во Скопје.

Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во Скопје. На 20. јули македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина.

Последен пријателски натпревар на нашите најдобри репрезентативци во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28. јули во Бугарија. Во рамки на групата Ц, македонската репрезентација ќе се бори против селекциите на Косово и на Естонија за место во квалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Кина.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА

1. Војдан Стојановски
2. Горјан Марковски
3. Бојан Трајковски
4. Александар Костоски
5. Марко Симоновски
6. Кирил Николовски

7. Бојан Крстевски
8. Марјан Јанески
9. Перо Антиќ
10. Стојан Ѓуроски
11. Игор Пенов
12. Владимир Брчков

13. Ненад Димитријевиќ
14. Бобан Стајиќ
15. Љубомир Младеновски
16. Кристијан Николов
17. Адем Мекиќ
18. Александар Штерјов

19. Предраг Пајиќ
20. Андреј Маслинко
21. Ѓорѓи Чековски
22. Михајло Митев
23. Џордан Теодор
24. Лестер Бо Мекејлеб

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 199 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeСпортКошаркаПовикани Антиќ и МекКејлеб: Започнуваат подготовките за мундијалските претквалификации!

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3