Фудбал

Тифозите на Милан со „корпа“ за Донарума: Не го сакаме твојот дрес!

Донарума

Џиџо Донарума во неверица и со наведната глава го напушти теренот на вчерашното гостување кај Аталанта откако тифозите на Милан одбија да го земат неговиот дрес.

Младиот голман, Џиџо Донарума поминува низ тежок период, откако по двата кикса против Јувентус во финалето од Купот на Италија, вчера направи нова грешка. Милан беше на прагот до победа против Аталанта и три бода со кои ќе го осигураат местото број шест на табелата.

Но Џиџо Донарума дозволи Масиело во 92. минута да ја затресе неговата мрежа, голманот не ја затвори поблиската статива а и интервенцијата му беше неспретна.

Сепак, ова не беше единственото разочарување за 19 годишниот Италијанец. По последниот свиреж на судијата, тој се упатил да ги поздрави тифозите на Милан и им го понудил својот дрес. Но тие го одбиле и му порачале „Не го сакаме твојот дрес“. Навивачите на Милан во Бергамо без проблем ги земале дресовите кои ги понудиле останатите играчи како Бонучи, Ромањоли и Абате.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ