Barkod.mk - Кодот на вистината

Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор ја избра Победа пред нишки Раднички

Фев 08 Напишано од  Посетено 1875 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Прилепска Победа денес го обезбеди потписот и документацијата за младиот 22 годишен офанизвец Лукас Силва Сантос Жуниор. Тој синоќа пристигна во Прилеп, утрово го одработи првиот треннг, го потпиша договорот со Победа а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб.

Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, за трансферот да се реализира пред истекот на периодот за трансфери. Откако се покажа во добро светло, одработи подготовски со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари но не пронајде заеднички јазик околу условите, се реши да ја прифати понудата на Победа.

Се очекува со неговиот ангажман Победа да добие на инвентивност и квалитет плус во офанизивниот дел, оној препознатллив бразилски шмек на кој прилепчани 90-тите години ги навикнаа покојниот Оливеира и Жилсон. Силва, кој е полушпиц , настапувал за Арсенал МГ и Униао Лусензе. Исаевски деветто засилување на Победа Прилепскиот прволигаш денес го обезбеди и 9-тото засилување во тековниот преоден рок. Комплетното пополнување на играчкиот ростер е при крај со ангажманот на 23-годишниот левоног страничен фудбалер Александар Исаевски. Тој долго време живеел и кариера изградил во САД настапувајќи за колеџ екипи со забележителен успех-во две сезони околку 40 натпревари и 9 голови. Во Победа доаѓа по есенските 14 натпревари за Македонија ЃП, а особено по поволниот впечаток на пробниот меч со Дрита во Охрид.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 197 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeСпортФудбалБразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор ја избра Победа пред нишки Раднички

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3