Barkod.mk - Кодот на вистината

Шкендија уште вечерва елиминирана: Милан ја почести со шест парчиња! (ВИДЕО)

Авг 17 Напишано од  Посетено 942 пати

makedonski nacionalen front

pcspam

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Милан покажа каква класа од екипа е во споредба со Шкендија, совладувајќи ја со импресивни 6-0 во првиот дуел од плејофот за групната фаза во Лига Европа.

Не дека и претходно имаше некакви реални шанси, но сега Шкендија и дефинитивно ќе игра ревијален реванш против Милан, за седум дена во Скопје. Во првиот компетитивен меч по скапите летни засилувања, Милан делуваше моќно и незапирливо давајќи ѝ шест гола на Шкендија, по три во полувреме.  

Андре Силва покажа дел од својот раскош во првото полувреме, погодувајќи за 1-0 и за 3-0, до 28. минута, а во меѓувреме погоди и Монтоливо.

Во второто полувреме Андре Силва продолжи да биде продуктивен, овој пат како асистент на Борини за 4-0 во 67. минута, а во следната Антонели заокружи „петарда“. Конечниот резултат го заокружи Монтоливо со својот втор гол, на пет минути до истекот на 90-те.

 

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

makedonski nacionalen front

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 101 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeСпортФудбалШкендија уште вечерва елиминирана: Милан ја почести со шест парчиња! (ВИДЕО)

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3