Barkod.mk - Кодот на вистината

Реконструкцијата на градскиот стадион "Гоце Делчев" во Прилеп во полн ек (ФОТО)

Јул 19 Напишано од  Посетено 693 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Со несмалено темпо се работи на реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Деновиве се реконструира и санира фудбалскиот терен, а се гради и нов дренажен систем.

Со реконструкцијата ќе биде поставен и систем со автоматско наводнување, ќе се засади нова трева, а истата ќе се одржува со нова современа опрема. Паралелно со овие зафати се работи и на поставување на осветлувањето, кое вклучува нова електрична инсталација и изградба на столбови за рефлектори.

Од 1 август ќе се започне со комплетна реконструкција на малата или северна трибина. Ќе се постават нови седишта, а ќе се реконструираат и постојните простории. Исто така проектот вклучува и доградба на нови простории и сала за прес конференции. Со втората фаза која треба да започне во најскоро време ќе се реконструира целосно и северната односно големата трибина.

Таму исто како на малата трибина ќе се постават нови столчиња, пултови за медиуми, нови санитарни јазли, како и целосна санација на спортскиот комплекс. Поголем дел од средствата за оваа капитална инвестиција произлегуваат од договорот на ХЕТ ТРИК 4 програмата на УЕФА кој изнесува околу 700.000 евра, а тие пари ќе бидат наменети за осветлување и реконструкција на теренот.

Останатите зафати ќе бидат покриени со средства од буџетот на Општина Прилеп кои изнесуваат околу 45 милиони денари. Целиот проект треба да заврши некаде кон средината на идната година.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 243 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeСпортФудбалРеконструкцијата на градскиот стадион "Гоце Делчев" во Прилеп во полн ек (ФОТО)

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3