Barkod.mk - Кодот на вистината

Интервју за Баркод.мк со Горан Наумовски

Ное 26 Напишано од  Посетено 12911 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Во Баркод.мк ексклузивно со Горан Наумовски кој музиката ја сака од најмали нозе уште од основно образование каде што настапувал на патронатите и на некои други приредби.

Баркод.мк: Кога и како ја започнавте вашата музичка кариера? 

Моите први музички настапи започнаа уште во основното училиште, најчесто тоа беа патронати, кога и ми се вроди љубовта спрема музиката. Првиот свој сингл го снимив во 1998 година со наслов „Љубовен бран“. Во тоа време ја немавме предноста на брзиот интернет, и се сеќавам дека од радио до радио носев компакт диск со песната, без никакви очекувања дали ке биде пуштена по радио станиците или не. На моја голема среќа, за многу кратко време, песната се најде на топ листите и котираше доста добро, со оглед на тоа што немаше видео запис, ниту стануваше збор за некој етаблиран изведувач. Успехот со првиот сингл ми беше стимул да продолжам да се занимавам со музика и да започнам со редовни настапи во живо, еден период и како член на „Мама Бенд“. Во 2002 година, заедно со Ана Мицковска и Владимир Дојчиновски го формиравме Ар-Ен-Си Бенд (R’N’C Band) а кратко време и Елена Петреска беше дел од бендот. Следуваа неколку авторски синглови, настапи на нашите фестивали и редовни ноќни свирки каде што покрај нашите песни се изведуваа најпознати ссветски хитови. И покрај тоа што последните неколку години во јавноста настапувам како соло изведувач, бендот сеуште активно постои,а и покрај толку години заедно, сеуште се радувам и уживам на секоја наша нова свирка.

Баркод.мк: Имате учествувано на повеќе фестивали и дали имате освоено награди, кажете ни нешто повеќе ?

На повеќето фестивали настапувавме како Аренси бенд, и иако добро котиравме, единствени награди ни беа на фестивалот Макфест, награда за најдобар аранжман, текст и сценски настап. Првата солистичка награда ја освоив во 2008-та година на фестивал во Хрватска со прекрасната балада на Кристијан Габроски, „Није ме брига“. Како претставник од Македонија, на мое големо изненадување ја добив наградата за најдобар нов изведувач на „МЕФ“ фестивалот. Наредната, 2009 година, во дует со мојата колешка од Ар-Ен-Си Бенд, Ана Мицковска на истиот Меѓумурски фестивал ја освоивме третата награда од стручното жири. Тие две награди ми значат многу, пред се што сум настапил како гостин и претставник од Македонија a во конкуренција со многу звучни имиња од Хрватска и бившите Југословенски републики.

Баркод.мк: Која ваша досегашна песна сметате дека достигна најмногу успеси ? 

Мислам дека песната „Није ме брига“ е најуспешната досега со оглед на тоа што како издание на „Croatia Records“ беше доста вртена по хрватските радио и телевизиски медиуми, а со таа иста песна, на нивна покана, учевствував на уште два фестивала во Црна Гора на „Сунчане скале“ и во Словенија на „Златен глас“фестивалот.

Баркод.мк: Дали во план имате некаква турнеа и каде ? 

Единствен план во моментов ми е да направам туристичка турнеа!  Ноември и Декември се месеци кога имаме најмногу настапи така што после новогодишните празници сакам по втор пат да ја посетам Австралија и малку да одморам и уживам во нивното лето.

Баркод.мк: Вашите идни планови, дали во скоро време да очекуваме некој нов хит ?

Покрај планот да испратам песна на конкурсот за претстојниот фестивал „Макфест“ имам снимено неколку синглови кои што планирам да ги испратам на кварталните конкурси за поддршка на македонската музика, тоа е соработка со повеќе различни автори. Се надевам дека некоја од тие нови песни ке стане хит, а во меѓувреме, покрај мојата „денска“ работа и многубројните обврски кои што не се поврзани со музиката, активно настапувам со Ар-Ен-Си Бенд, и веќе втора сезона во петоците навечер имам настапи со мојата пријателка и колешка Маја Гроздановска  - Панчева во „Кафе 9-ка“.

Баркод.мк: Дали сте задоволни од настапот на Скопски фестивал ?

Скопскиот фестиал помина со позитивна енергија, без тензии и некои посебни очекувања за мене. И покрај тоа што заедно со Мики Секуловски го делевме четвртото место, јас сум презадоволен од настапот на Скопскиот фестивал, првенствено што пеев песна која што многу ми се допаѓа, а најголема награда ми беше аплаузот на публиката уште на самиот почеток на песната. „Нема да можам“ е авторско дело на Ана Пандевска и Дамјан Лазаров, поп-рок песна која што се надевам ке го најде своето место нашите тв и радио медиуми.

Баркод.мк: Што им препорачувате на читателите на Баркод.мк ?

Пред се на читателите на Баркод би им препорачал да слушаат и да ја поддржат македонската музика, тие се дел од публиката поради која што ние снимаме песни, и заедно да се обидеме да си ја задржиме македоснката естрада на солидно ниво, бидејќи веќе докажано е дека Македонија е богата со музички таленти .

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Маја Дејаноска

Маја Дејаноска родена 1997 во Прилеп. Со пишување на статии се занимава од 2014 година кога почна да работи како постојан дописник на Barkod.mk од Прилеп. Љубител е на книги. Фантазерка и авантуристка. Мечтае за патувања,за успех во работата и се разбира за љубов. Човек кој постојано нешто планира, духовита и исполнета со самодоверба.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 260 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизМК СценаИнтервју за Баркод.мк со Горан Наумовски

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3