Barkod.mk - Кодот на вистината

Одблизу со шармантната актерка Ирена Илиевска, позната од улогите во македонските народни приказни

Ное 19 Напишано од  Посетено 20367 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

За Баркод.мк младата актерка зборува за проектот македонски народни приказни, колку е голема одговорноста но и придобивката да се биде дел од тој проект, проект во кој се остварува континуитет со нашето минато

Баркод.мк: Кратка ваша биографија, од кога се бавите со актерство, и каде настапувате ? 

Страста за оваа професија се роди многу одамна, уште во основно училиште. Тогаш се запишав во драмско студио, каде одев со години и желбата да се занимавам со актерството како професија се повеќе растеше. Први учетили ми беа двајца наши големи актери, Тони Михајловски и Александар Микиќ, кои работеа со мене и на подготовките за приемниот испит на факултетот за драмски уметности. Приемниот помина, желбата се исполни, учењето продолжи. Дипломирав во класата на професорот Владимир Милчин и Сузана Киранџиска. Во моментов играм во претставата "Еригон" во Драмски театар и "Централ Парк-Запад" на малата сцена во Универзална сала. .

Баркод.мк: Може редовно да ве видиме на малите екрани преку улогите во македонските народни приказни, како лично вие како директно инволвиран гледате на тој проект ? 

Штом сум дел од тој проект се разбира дека го поддржувам. Приказните се дел од нас, дел од нашето минато, минатото на нашите прабаби и дедовци. Го носиме тој код впишан длабоко во нас и треба да го негуваме. Тие се дел од блиското минатото на овој народ, па од таму верувам дека потекнува и интересот на гледачите за овој тип програма. До сега Канал 5 тв има снимено речиси 200 народни приказни чија гледаност е се поголема. Мислам дека тоа е доволен коментар за успешноста на проектот. Се надевам дека ќе стануваме се подобри, а гледаноста и бројот на задоволни гледачи ќе расте.

prva

Баркод.мк: Дали се сметате себе за наследник на големите актерски доајени од македонските народни приказни во минатото како:Шенка Колозова, Ѓорги Колозов, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски ? 

Со нив растевме, со нивните приказни, барем мојата генерација. Од нив учевме, тие ни ја моделираа фантазијата, не едуцираа и забавуваа. Ги чекавме со нетрпение, посакувавме да сме како нив. Одкако станав дел од целата таа приказна, сфатив колку е голема одговорноста што ја носиме. Добро е да се има на ум дека играме и за најмалите, дека сега ние образуваме некои деца, кои растат гледајќи го новиот бран македонски приказни. Одговорноста е повеќе од голема и треба сериозно да се обрнува внимание како и на актерската игра, така и на говорот и сценаријата. Дали сме достојни наследници? Тоа ќе оставам на гледачите да кажат, нивниот коментар е најважен.

vtora

Баркод.мк: На што моментално работите и спремате ? 

Во моментов, како што споменав погоре, покрај проектот со македонски народни приказни играм и во две претстави кои се на редовен репертоар. Претставата "Еригон" во режија на Јани Бојаџи,во Драмски театар и комедијата "Централ Парк-Запад" во режија на Игор Ивкович, на малата сцена во универзална сала. Па сите оние кои не ги погледнале овие две претстави ги поканувам на 28-ми Ноември во Драмски театар и на 6-ти Декември во Универзална сала.

Баркод.мк: Дали актерството е профитабилна професија кај нас во државава ?

Се надевам дека е така и дека од ова може да се живее. Тврдам дека е професија која малку повеќе треба да се сака од која било друга ,за да може да се твори и создава, но исто така знам и дека секој месец доаѓаат сметки за плаќање хаха

Баркод.мк: Кои се вашите планови со актерството во иднина ?

Да продолжам да играм. Си посакувам многу нови проекти и часови поминати на сцена.

Баркод.мк: Порака за нашите читатели од вас ?

Посакувајте, сонувајте, верувајте во себе и своите желби, размислувајте со сопствени умови, борете се за тоа што го сакате.И одете во театар.

treta

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Inactive User

Account is not active!

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 200 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизМК СценаОдблизу со шармантната актерка Ирена Илиевска, позната од улогите во македонските народни приказни

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3