Barkod.mk - Кодот на вистината

Интервју со популарниот актер Владо Дојчиноски

Ное 12 Напишано од  Посетено 17239 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Владо Дојчиноски популарниот актер попознат во улогите во Македонските Народни Приказни, за Баркод.мк зборува како се снимаа Македонските Приказни, и за продолжување на традицијата на Македонски народни приказни во чест на Ѓорѓи Колозов.

Баркод.мк:  Кратка ваша биографија, од кога се бавите со актерство, каде дипломиравте ?

Роден сум во Охрид, таму пораснав, завршив основно и средно образование. Инаку сега живеам во Скопје, вработен сум во Кумановскиот театар, а од скоро и среќно оженет со невеста од Битола. Хехехе… Завршив факултет за драмска уметност во Софија бидејќи таа година кога требаше да конкурирам кај нас не се примаше класа за актери. Уште кога бев прва година на факултет (2005/ 2006 година) прв пат се запознав со Шенка Колозова по моја иницијатива. Успеав да се договорам со локалната телевизија во Охрид, Тв Морис да снимаме приказни. Приказните веќе подолго време не се снимаа. Се собра целата стара екипа од приказните Ванчо, Гоце, Дубравка, Кире и се разбира на чело со Шенка. Снимивме 12 приказни кои се покажаа како успешни. Од кога го завршив факултетот веднаш дојдов во Скопје и започнав да работам хонорарно. Играв скоро во сите претстави на приватниот театар Колозов кој беше под раководство на Шенка Колозова и кој се водеше како патувачи театар.  Таму изиграв, а и сеуште играме, многу детски претстави ( Убавицата и ѕверот, Сказна за рибарот и златната рипка, Али баба и 40 разбојници, Итриот и завидливиот, Љубопитната принцеза...) Тука ги изиграв и за мене едни од омилените претстави до сега: Лето во Ноември и комедијата Женско Царство. Потоа во 2009 година Македонска Телевизија повторно започна да ги снима приказните, а еве и сеуште ги снимаме. Па се вработив во Кумановскиот театар и т.н.

Баркод.мк:  Од кога работите на проектот македонски народни приказни?И како лично вие сте задоволни од тој проект ?

Ете одговорот на ова прашање веќе до некаде го одговорив како надоврзување на претходното. Може е значајно да се каже дека целта да ги продолжиме приказните е да ја продолжиме таа традиција на Македонски народни приказни. Така и ни гласеа првите епизоди штоги снимавме... „ Продолжување на традицијата на Македонски народни приказни во чест на Ѓорѓи Колозов.“ И според тоа како ги прифати народот мислам дека успеавме во нашата замисла. Се трудиме колку што е можно приказните да си го задржат тој стил како што ги знаевме некогаш првите со Ѓорѓи Колозов затоа што народот такви ги засака и такви треба да останат. Сега во моментов и јас лично и целата екипа која работела на старите приказни сме многу разочарани од тоа што се случува. Кој стаса почна да ги снима приказните и за жал како тоа да е многу едноставно, како на шала. За две години успеаа да го упропастат поимот Народни приказни и тој серијал со кој израснавме. Не се гледа ни на глума, ни на режија, ни на костими, ни на локации, ни на сценографија. Доволно им е да има распаднати куќи кои не знам што има значат затоа што порано луѓето вистина живееле во селски камени куќи со чардаци, ама не и распаднати. Не може низ тие селски сокаци да се шетаат дотерани со модерни алишта или само со по една бела кошула и скутина. Не може секоја приказна да е како претходната. Сите да се во истите алишта, истата куќа, истата врата, истото огниште со залепени плочки или што ли се. И да скратам значи не да не сум задоволен од ова што се случува со приказните, туку и сум многу, многу разочаран.

vlado dojchinoski statija

Баркод.мк:  Знаеме дека имате многу малку слободно време, кое е вашето хоби, и како го поминувате слободното време ?

Во слободно време сакам да си се видам со пријателите, да си се собериме на убава седенка. Ја сакам нашата македонска музика, ама онаа баш стара наша музика, така што не ни врви ни една седенка без убава македонска песна, а со тоа убава пијачка и најчесто за мезе риба кој јас ја ловам, а риболовот ми е моето омилено хоби или спорт како сакате речетго. Секогаш кога сум слободен преку ден гледам денот да си го поминам покрај вода трската врака и да ловам риба.

Баркод.мк:  На што моментално работите ?

Пред некој ден завршивме со нова сезона приказни. Снимивме десет нови приказни за Македонска телевизија и дваесет епизоди за Сител телевизија. Летово снимав и еден долгометражен филм во која бев може да се каже главна улога и ми беше едно ново и многу убаво искуство. Сега малку сум растеретен со обврски и играм само претстави во театар. Здравје боже ако биде се во ред треба да започнам да снимам и една нова детска серија и за сега главно е тоа.

Баркод.мк:  Што може да очекуваме во наредниот период  ?

После се ова што се случува по нашите телевизии и нивото на кое паднаа приказните искрено не знам колку би продолжиле со снимањето на приказните. Сега може да се очекува филмот кој што веќе го најавив, детската серија... Еве веќе две-три години се обидувам да снимиме нешто ново. Имам две сценарија за серии, комедии, ама за жал никој не сака да започне нешто ново да снима. Оваа година повторно ќе се обидам да ги понудам и ќе бидам многу среќен ако почнеме да ги снимаме. Жалосно е тоа што се случува кај нас, што освен приказните ништо друго не се снима. 

Баркод.мк:  Некоја порака за нашите читатели ?

Публиката од најмало до најголемо е многу паметна и не треба да се потценува. Барем тоа ми е мило што знаат да разграничат што е добро направено, а што не е. Кој ќе не застане да поразговара со нас тоа ни го кажува, што чини од тоа што го гледаат и што не чини. Во овај хаос што се случува, во смисла во играната програма кај нас публиката е најдобриот судија. Па нека гледа и нека суди. Голем поздрав од мене, Владо Дојчиноски.

vlado dojchinoski statija1

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Inactive User

Account is not active!

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 161 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизМК СценаИнтервју со популарниот актер Владо Дојчиноски

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3