Barkod.mk - Кодот на вистината

„Последниот Македонец – патот до истребувањето“...ексклузивни детали откриваат Снежана Лупевска и Илија Пиперкоски

Дек 03 Напишано од  Посетено 37663 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Филмот е во режија на Илија Пиперковски а главен продуцент е Снежана Лупевска-Созен, во главните улоги играат:Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Петар Горко, Рубенс Муратовски.

Баркод.мк: Кој беше мотивот да се направи токму ваков документарно-игран филм ?

Лупевска:

За историчарите она што се случило во 1913 година е свршен факт. Заговор против постоењето на тогашна Македонија како самостојна држава и покрај надежите дека таа би можела да добие независност и пред Албанија; земја која според своите етно-граници не била помала ниту од Грција ниту од Србија. Но, одлуката донесена во Букурешт со помош на Големите сили ја распарчува и како територија и како народ. Тие последици ќе останат и еден век потоа. Како независна држава создадена многу подоцна по Букурешт, Македонија се соочува со проблемот на: името, идентитетот , црквата, интеграциите. Она што се случувало во 1913 година има влијание и денеска. Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но, и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто братоубиството заради сојузништвото со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија? Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија?

film1

Баркод.мк: Вие, Илија Пиперкоски сте режисерот, како се пронајдовте во оваа улога ?

Пиперкоски:

Секој филм си имам свој предизвик, како што секоја планина си има своја тежина. Историските филмови се тешки за снимање затоа што процесот на истражување и снимање е долг и скап. Скоро во секоја сцена од филмот имате специјални ефекти, сценографијата треба да биде автентична од времето за кое се зборува во филмот, шминката, оружјето, масовни сцени каде што имате многу глумци и статисти и уште еден куп мали ситни деталји кои се важни додека се спрема, снима и се монтира самиот филм. И сите овие работи чинат пари. Е тука е предизвикот, да се направи ваков филм, со многу скромен буџет. Но, најдобро се работи кога покрај себе имате добра екипа и нема невозможно. Можеби ќе потрае целиот процес на снимање и монтирање, важно ми беше филмот да биде јасен и разбирлив и за тие што не ја познаваат историјата доволно добро.

Баркод.мк: Од кога трае снимањето на филмот? И каде точно на која локација беше снимањето на филмот?

Лупевска:

Во 2012 година, ги добивме финансиските средства од Агенцијата за Филм на РМ, па пополека почнавме со спремање на филмот. Баравме соодветни локации кои треба да ни го доловат периодот пред 100 години и покрај тоа што имаме прекрасни предели низ цела држава, одлучивме филмот да го снимаме во Битола и околните села, Маково и други. 

Баркод.мк: Што се раскажува во филмот ?

Пиперкоски:

Покрај делот во кој се зборува за геополитичките случување во Европа, дел од темите кои се обработуваат во филмот се и предавството, поткупувањето на војводите, мотивите зошто би се направило предавството како чин, пропагандите на нашите соседи, апатијата и поделбите во внатрешната македонска револуционерна организација

film3

Баркод.мк: Како беше прифатен филмот на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ ?

Лупевска:

Убаво е чувството кога после неколку години работа, филмот си го почна својот пат - да се прикажува на кино. Прво за домашната публика, па од нареднава година по фестивалите ширум светот.  Но, уште поубаво е кога пораката од филмот е примена од страна на гледачите. Луѓе што немале можност да го гледаат, ни се јавуваат и не прашуваат кога ќе биде и по другите градови. Се радуваме затоа што постои интерес филмот да биде гледан, а темите да се разговараат и ова ни беше една од главните причини зошто сакавме да го направиме овај филм. 

Баркод.мк: Која е пораката што може да се извлече од филмот ?

Пиперкоски:

Една од главните пораки на филмот е конечно да нема поделби помеѓу македонскиот народ. Да не бидеме слепи кога гледаме дека намерно ни прават поделби. Кога зборувам за македонскиот народ, мислиме на сите етнички припадности без разлика верска или национална припадност. За разлика од пред 100 години, денес животот е поценет и по вреднуван, но кога заедничкиот соживот би ни бил исполнат со меѓусебна почит, разбирање и толеранција, нема да има сила која би направила раздор меѓу нас. 

film5

Филмот ќе има премиера утре во Прилеп во киното “Мис Стон” во 19.30, филмот ќе се прикажува во Прилеп уште и во сабота и недела.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Inactive User

Account is not active!

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 160 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизМК Сцена„Последниот Македонец – патот до истребувањето“...ексклузивни детали откриваат Снежана Лупевска и Илија Пиперкоски

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3