Barkod.mk - Кодот на вистината

Почина најпознатиот двојник на Џејмс Бонд

Јан 03 Напишано од  Посетено 3168 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Каскадерот Ричард Грејдон, кој се појави во повеќе од десет филмови со славниот лик на агентот Џејмс Бонд, почина на 92-годишна возраст.

Освен во култните филмови за 007, Грејдон глумеше и во првата трилогија од „Војна на ѕвездите“. Роден во 1922 година, кариерата ја започна во 1963 година, кога прв пат се појави на филм, и тоа во вториот по ред хит со Џејмс Бонд, „Од Русија со љубов“.

Беше слеп на едното око, но оствари исклучително успешна кариера во улогата на дублер. Подоцна, во 1964 се појави во „Голдфингер“, а во 1965 во „Операцијата гром“, со што стана дел од кастингот за филмовите со агентот 007.За него колегата Мартин Грејс ќе рече: „Да виси на жичара над Рио за него беше исто што и да пие кафе на Пикадили. Го работеше она кое другите каскадери не можеа да го направат, или не сакаа, и тоа го правеше со огромно задоволство“.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

WWW.BARKOD.MK

Баркод.мк - Најсвеж македонски веб портал. Место каде што можете да се информирате скоро од секоја област. Како портал активно постои од Јули 2014 година.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 187 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизФилмПочина најпознатиот двојник на Џејмс Бонд

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3