Barkod.mk - Кодот на вистината

"The Fighter" - "Борецот"

Окт 02 Напишано од  Посетено 7464 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

The Fighter е уникатно филмско остварување на режисерот David O. Russell кој ја доловува животната приказна на боксерот Мики Вард и неговиот брат Дики во средината на осумдесетите години.

Во овој филм ќе се запознаете со едно од најдисфункционалите семејства во светот на филмовите како и со еден од главните ликовите со најслаб карактер – Мики Вард (Mark Wahlberg). Мики е млад и перспективен боксер кој израснува во сенка на неговиот (полу)брат Дики (Christian Bale) – поранешен боксер кој ја стекнува славата со случајниот нокаут на еден од познатите боксери Шугар Реј Леонард, иако претходно има многу изгубени натпревари, како и потоа.

Живее во семејство со неговата мајка која го има главниот збор во се и е и негов менаџер, неговиот тивок татко и уште 7 сестри. Кога целото семејство е на едно место се забележува огромната дисфункционалност во истот.Филмот започнува со сцена од филмот кој го снимаат HBO за Дики, филм за кој Дики верува дека се работи за неговата боксерска кариера, а всушност се работи за последиците од дрогата.

Потоа продолжува со животот на Мики, кој е на почетокот на својата кариера и сака да ја достигне славата на неговиот брат, кој бил негов идол како малечок. Започнува со лоши резултати и неколку пати е поразен, но неговиот живот се менува кога ја запознава Шарлин (Amy Adams). После една борба Мики добива шанса да тренира во Вегас и додека тој не сака да ја прифати и сака да остане да тренира со неговиот брат, Шарлин успева да го натера и тој прифаќа.

Со новиот тренер Мики реди успеси, додека Дики се наоѓа во затвор (откако во една тепачка удира полицaец). Мики добива шанси да се бори со се подобри боксери и после една победа ќе добие шанса да се бори за титулата Светски шампион. Во тоа време и Дики излегува од затвор и работите се комплицираат кога Мики ќе треба да бира помеѓу неговиот брат на едната страна и Шарлин и неговиот тренер на другата.

 

Добар филм со интересна приказна, но со слабо разработен главен лик. Можеби поради тоа што Мики Вард е сеуште жив, можеби од друга причина, но главниот лик некако се одделува од сите други. Фактот што е работен по вистинска приказна е само уште еден плус за филмот, како и неговата уникатност – нема сличност со никој друг филм од овој жанр. Интересна биографска, спортска драма која вреди да се погледне.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Сара Мијакоска

Пишувањето за неа претставува страст,а секоја нова испишана страна една нова љубов.Неуморен трагач по мали места за патување скриени во прегратката на земјата.Вечно заљубена во уличната уметност и алтернативната музика.Малите животни радости ја исполнуваат и и' даваат надеж да продолжи да ги исполнува своите замисли.

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 124 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизФилм"The Fighter" - "Борецот"

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3