Barkod.mk - Кодот на вистината

План за бегство (Escape Plan)

Јул 30 Напишано од  Посетено 8324 пати

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

План за Бегство (Escape Plan) е филм во кој можеме да ги видиме Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне во улога на затвореници, планирајќи бегство од најдобро обезбедениот затвор во светот.

Реј Бреслин (Силвестер Сталоне) е човек кој работи интересна работа – добива пари за да оди во затвор во улога на затвореник и да ги најде неговите мани. Токму на таа тема пишува книга во која е објаснето како тој бегал од многу затвори до сега и се опишани сите мани во затворите со кои тој се сретнал. После едно успешно бегство, кога излегува на слобода, добива примамлива понуда од ЦИА.

5 милиони за да влезе во еден затвор за кој треба да се уверат дека е невозможно да се избега од него. Но, платата е толку висока поради тоа што тој нема да знае каде се наоѓа затворот, па ќе мора да работи сам. Реј ја прифаќа оваа понуда. Како и претходно, неговите пријатели ќе се обидат да останат со него, но нивниот план пропаѓа, а ќе видите и од која причина.

Во затворот се среќава со Ротмајер (Шварценегер) со кој ќе се спријатели и со негова помош ќе осмисли план за бегство. Во овој филм ќе го видите и 50 Cent, во улога на помошник на Реј. Низ делови од филмот ќе гледате акција, а на самиот крај ќе се случи нешто што сигурно не сте го очекувале гледајќи го филмот. Дефинитивно интересен филм за гледање и уште поинтересна комбинација на актери. Обратете внимание на приказната на Реј, зошто всушност ја работи оваа работа. Тоа ќе му даде и емотивен дел на овој филм.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Медија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomVision.Com
  • ЛУД СПОРТ

  • ТОП ЦУЦКА

Присутни гости

Имаме присутни 123 гости и нема членови

Фејсбук 'FAN PAGE'

HomeШоуБизФилмПлан за бегство (Escape Plan)

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3