Barkod.mk - Кодот на вистината

Запросување на концертот на AMADEUS BEND во Прилеп

Јун 29 Напишано од 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Вчера вечер на градскиот прилепски базен, прилепчани уживаа во настапот и песните на феноменалните дечки од “Амадеус Бенд”. Прекрасна вечер која ќе се памети до долго ни приредија момците од Амадеус Бенд.

Бендот својот настап го започна со “Моја земја”, а веднаш потоа продолжија со старо-новите песни “Ти си та”, “Лажу те”, “100 посто”, “Није свеједно” и многу други песни како од нивниот репертоар, така и останатите српски поп и фолк пејачи.

Но,сигурно некој повеќе и вечно ќе го памети овој концерт. Имено, Горан Гелов реши на уникатен начин да и ја побара раката на својата сакана Цветанка Ѓурова, која што го кажа судбоносното "ДА". Горан запросувањето го направи во моментот кога АМАДЕУС БЕНД ја изведуваше "Ако мене питате".

Тимот на Баркод.мк им посакува многу здравје и среќа во животот.

loading...

СЛЕДЕТЕ НЕ/ КЛИКНЕТЕ ЛАЈК НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФЕЈСБУК FAN PAGE

Маја Дејаноска

Маја Дејаноска родена 1997 во Прилеп. Со пишување на статии се занимава од 2014 година кога почна да работи како постојан дописник на Barkod.mk од Прилеп. Љубител е на книги. Фантазерка и авантуристка. Мечтае за патувања,за успех во работата и се разбира за љубов. Човек кој постојано нешто планира, духовита и исполнета со самодоверба.

Home

Пријатели и Пријателки


sportskimkNEWLadMediaLogopl-logo-v3